Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ја поддржа хуманитарната акција на српскиот клуб „Партизан“ за помош на новинарот на Партизан ТВ, Жељко Пантиќ.
13-годишниот син на Пантиќ, Исиаја, има тумор на мозокот и потребна му е итна операција во Вашингтон, САД. Семејството успеа да ги плати трошоците за авиопревозот и едномесечниот престој во САД, но мора да се реагира до 19 февруари со уплата на 126.713 долари за медицинските трошоци.
Партизан преку своите страници побара помош, а први кои се пријавија беа тренерот на Партизан, Мирослав Ѓукиќ, кошаркарската легенда Владе Дивац и, неочекувано, Модриќ.