Хрватската старлета Ава Карабатиќ која стана позната по учеството во шоуто „Срввајвал“ во моментов е на лекување во психијатриска болница поради алкохолизам, пишуваат хрватските медиуми.
Старлетата веќе подолго време имала проблем со овој порок, поради што пред неколку години се повлече од јавноста. Таа веќе подолго време ја нема ни на социјалните мрежи каде што претходно секојдневно објавуваше фотографии. Таа дури имаше и свој профил на платформата „Онли фанс“.
Според извор на хрватските медиуми, Карабатиќ е во болница веќе неколку недели.
„Ава има сериозен проблем, тоа трае многу долго, веќе неколку години. Претходно се лекувала, но тоа не помогнало бидејќи по излегувањето од болница многу брзо продолжила како порано. Нејзините се многу загрижени бидејќи е во лоша состојба. Пред да ја сместат на клиника, таа постојано пиела алкохол, понекогаш со денови знаела да не се отрезни. Многу ослабе, единственото нешто што сè уште ја потсетува на старата Ава е нејзиното лице“, изјавил извор близок до старлетата.
Оние кои ја познаваат старлетата од порано се шокирани што таа му се препуштила на овој порок бидејќи до пред неколку години не се напила ниту капка алкохол.
„Таа не можеше да толерира алкохол, особено силни пијалоци. Понекогаш можеше да се напие чаша вино, само за да наздрави. Додека живеела во Белград, му се препушти на алкохолот. Во тоа време таа веќе имаше 30 години, беше зрела и никој не очекуваше дека повторно ќе му се препушти на порокот. Кога се врати во Сплит, продолжи да пие. Ова најпрво можеше да се толерира, но потоа почна да прави испади дури и во јавноста, поради што беше осудена на лекување и тогаш за прв пат беше во болница“, изјавил изворот.