Хрватскиот градоначалник Тони Турчинов со службена картичка потрошил 1500 евра на проститутки во австриски бордел, објави Телеграм.хр.
Градоначалникот на општината Муртер, од истоимениот хрватски остров, во средината на април 2019 година, во периодот меѓу 1:37 и 3:38 часот, утрото, ја искористил платежната картичка во три наврати. Двапати потрошил 600 евра, а третиот пат 360.
Вкупно потрошил 1560 евра, пари на даночните обврзници, пренесоа медиумите. Клубот кој во меѓувреме е затворен, во тој период нудел еротски танцеви и постојана шоу програма.
Гостите можеле да изберат меѓу 15 девојки за интимна дружба. Турчинов во изјава за медиумите објаснил дека ги помешал службената од приватната картичка затоа што биле од иста банка.
„Мојата приватна и службена картичка се од иста банка и во тие вечерни часови дошло до грешка, поради која им се извинувам на моите мештани“, изјавил Турчинов.