Сплитскиот пејач Матко Јелавиќ откри дека не е задоволен од начинот на кој 2Cellos го изведува неговиот хит „Мајко стара“ и дека поради тоа има недоразбирање со членот на популарното дуо, Стјепан Хаусер.
Инструменталното дуо 2Cellos составено од виолончелистите Стјепан Хаузер и Лука Шулиќ често ја изведуваат песната на своите концерти, но сплитскиот пејач не е задоволен од нивната интерпретација на неговиот хит.
„Мајко моја“ досега ја имаат изведено повеќе од 20 пати и секогаш на ист начин ја изведуваат. Го користат тој мој хит бидејќи многу добро знаат дека е една од најдобрите хрватски песни на сите времиња. Сепак, како тие тоа го прават, благо кажано е катастрофа“, изјавил Јелавиќ за „Слободна Далмација“.
Пејачот во интервју раскажува дека 2 Cellos никогаш од него не побарале дозвола за настап, ниту пак добил приходи од тоа што тие ја изведуваат неговата песна на настапите низ светот. Музичарот најави дека ако уште еднаш ја изведат неговата песна, ќе ги тужи.
Тој откри и дека му пишал на Хаузер двапати со барање да престанат да ја изведуваат песната, но тој одговорил како што истакнал Јелавиќ, со вулгарна СМС порака.
Песната „Мајко стара“ ја одбележа кариерата на Јелавиќ, откако со неа дебитираше на Сплитскиот фестивал во 1988 година. Потоа ја доби наградата од публиката и признанието за најдобар дебитант, а песната беше прогласена за најголем хит на поранешна Југославија.