Актерката Мерјем Узерли, позната како Хурем од популарната серија „Сулејман Величествениот“, го прослави 39. роденден. Актерката на нејзината торта поставила свеќички со броевите 2 и 9, па нејзините фанови се збунија и коментираа дали таа полни 29 или 39 години.
Фотографиите објавени на социјалната мрежа добија 111.000 лајкови и околу 2.000 коментари со честитки за роденденот на Мерјем.
Актерката беше облечена во корсет со сина боја и здолниште во истата боја со цветен дезен во крем боја, а во рацете држи голем букет цвеќе.
Мерјем на почетокот на минатата година се породи по втор пат и ја роди ќерката Лили Кои, чијшто татко сè уште не го открива во јавноста.
View this post on Instagram
View this post on Instagram