Хусеин Алијевиќ ќе го глуми Џеј Рамадановски во филмот за пејачот

Започна снимањето на филмот „Недеља“ кој е инспириран од вистинските искуства на починатиот српски пејач Џеј Рамадановски. Низ неговото воспитување се следи патот на Џеј до успехот и плејадата интересни личности кои го одбележале неговиот живот, но и духот на Белград, особено на Дорчол, пишува Блиц.

Ликот на популарниот пејач на народна музика доби можност да го глуми Хусеин Алијевиќ, попознат како Хуса од поранешната група „Бит Стрит“. Како што дознава српскиот медиум од продуцентската куќа, сценариото го напишал Стефан Бошковиќ, а режијата му била доверена на Немања Ќераниќ.

Музиката ќе биде многу важен аспект на филмот, но се уште нема детали кој ќе биде задолжен за него. Продуцентите велат дека наскоро ќе излезат во јавноста со конкретни детали.

Scroll to Top