Богатото музичко наследство на новосадскиот поет и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ ќе биде претставено во ново издание на стихозбирката насловена „Допир и свила“ збогатена со необично интимно допишување меѓу сопружниците.
Сопругата на Балашевиќ, Оливера, со поддршка и помош на ќерките Јелена и Јована и синот Алекса, на овој начин прави животот и делото на Ѓорѓе Балашевиќ да живее. Промоцијата на стихозбирката е закажана за на 29 април.