Веќе неколку недели медиуми од соседството пишуваат за разводот на пејачот Аца Лукас и неговата сопруга Соња, а викендов тој заработи и пријава под обвинение дека физички ја нападнал. За нивната разделба сега имал што да каже и поранешниот сопруг на Соња, пејачот Жељко Шашиќ, кој бил добар пријател со Лукас, пред овој да му ја „украде“ жената.
– Ова е прв пат да се зборува за тоа дека физички ја нападнал. Јас токму од тие причини излегов од бракот со неа. Таа мажите ги предизвикува и ги доведува до лудило. Ни тогаш, ни сега не можев да живеам со таква личност под ист покрив. Буквално година дена не живеевме заедно само за да не направам нешто за што би се каел. И сепак издражв да не кренам рака на нејзи, изјавил Шашиќ и додал:
– Сега, доколку навистина му е мака за неговото дете, Лукас ќе сфати како ми беше на мене. Допрва ќе минува низ се што минав јас и ќе види како ќе си помине, завршил пејачот.