Водителката Јована Јеремиќ повторно направи хаос како гостин во емисија кога откри дека воопшто не се занимава со домашни обврски.
Јеремиќ, која е мажена и има ќерка, откри дека сака да мириса на парфем, а не на мирисите од кујната.
„Не чистам, не мијам, не пеглам, тоа му го кажав и на мојот сопруг. Никогаш во животот не сум го правела тоа дома. Не сакам да го правам тоа. Јас сакам да мирисам на ‘диор’, а не на варени јајца“, рече таа. По ова, реагираа дамите, кои велат дека е срамота да ги потценува жените домаќинки.
Јована додаде: „Тој не мора да плаќа за чистачката, јас ќе платам“. Јована откри и каква грешка прават мајките кога ги воспитуваат своите синови.
„Мајката е виновна што ги воспитува своите синови да бидат синови, а не сопрузи. Мажите мора да бидат сопрузи. Да бидат материјално одговорни“, рече таа.