Инди бесна на својата сестра Едита

Пејачката Индира Арадиновиќ Инди се огласи на социјалните мрежи и ја нападна својата сестра Едита Арадиновиќ, со која веќе подолго време не е во добри односи.

„Би ја замолила лажната сестра Едита да не го става мојот спот на стори. Ја сфаќам нејзината потреба да ја пофали мојата работа, но нејзиното мислење и тоа како не е важно сега. Таа знае зошто го пишувам ова. Со оглед на тоа дека сум блокирана од нејзина страна од 2017 година, без објаснување, сметам дека поддршката е непотребна и лажна. Тажно е тоа што некој нешто работи само за да ги испочитува нормите во бизнисот. Каков си во приватниот бизнис таков биди и во деловниот свет. Секогаш иста и искрена, ваша Инди“, порача пејачката.

 

Scroll to Top