Ивана Кнол вети ќе се соблече гола ако Хрватска го освои Светското

Атрактивната хрватска навивачка Ивана Кнол за германските медиуми вети дека ќе се соблече гола, ако Хрватска успее да го освои пехарот на Светското фудбалско првенство во Катар.

Кнол е главна атракција во Катар меѓу хрватските навивачи. Со нејзините модни комбинации привлекува големо внимание. Сега рече дека ако Хрватите победат на последните два натпревари ќе се соблече гола.

„Доколку Хрватска го освои мундијалот во Катар, ќе падне и мојата облека“, рече Ивана.

За потсетување, Хрватска вечерва ќе се бори за уште едно ново финале, по претходното во Русија, а противник ќе им биде Аргентина предводена од Лионел Меси.

 

Scroll to Top