Сека доби поддршка од колегите за закажаниот концерт

Фолк-пејачката Сека Алексиќ има закажан концерт во „Штарк арената“ на 14 април за на спектакуларен начин да ги круниса низата успешни настапи во преполните клубови во Европа секој викенд во изминатата година.

Нејзините колеги преку социјалните мрежи ѝ дадоа голема поддршка.

„По седум години, мојата другарка и пријателка Сека Алексиќ прави уште една незаборавна роденденска журка во ’Арената’. Сека те чека… Дојди и ти“, напишале Саша Матиќ и Ацо Пејовиќ на „Инстаграм“.

 

Foto: Promo

„Мојата колешка и другарка Сека Алексиќ на 14 април ќе одржи голем солистички концерт во „Штарк арената“. Ве повикувам на овој спектакл!“, порача Јана, а освен неа, Сека ја поддржаа и Џенан Лончаревиќ, Џани и Сале од „Тропико бенд“.

Scroll to Top