Ја жалам Наташа, се огласи поранешниот сопруг на Беквалац

Откако Наташа Беквалац  по само неколку месеци брак се разведе од Лука Лазукиќ, кој ја претепа во најзиниот стан, се јави и поранешниот сопруг на пејачката, Данило Икодиновиќ. Српскиот ватерполист изјави дека бил шокиран од целиот настан и никогаш не би посакал Наташа да помине низ овој пекол, а потенцирал и дека му е жал за тоа што ѝ се случило. Тој додаде и дека никогаш не сакал да се експонира во јавност иако знаел дека нејзината работа е таква и дека таа постојано е актуелна во медиумите. Тој рекол дека сака целосно да се огради од оваа приказна или  кој било коментар врзан за него  и Наташа.

Scroll to Top