Регионалните хип-хоп титани ,Јала Брат и Буба Корели од Босна и Херцеговина, доаѓаат во Скопје. На 29 ноември ќе имаат концерт во Спортскиот центар „Јане Сандански“ со кој е ја почнат турнејата во чии рамки е предвидено да посетат повеќе од 10 европски градови. По Скопје, заминуваат во Штутгард, Загреб, а потоа и во други градови.
„Возбудени сме заради нашата концертна европска турнеја за време на која ќе посетиме повеќе од 10 града. Особена чест ни е што проектот го отвораме со голем солистички концерт во Скопје. Се радуваме што турата почнува!“, велат момците.
Влезниците од денес се во продажба по цени од 1.200 до 1.600 денари, а наскоро ќе биде пуштена и можноста за продажба и резервации на пакети со пијалаци.






