Јелена и Новак Ѓоковиќ по враќањето од Токио, на одмор во Црна Гора

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, откако ги заврши настапите во Токио со сопругата Јелена, замина на одмор во Црна Гора.

Таа сподели романтична фотографија од двајца за која доби голем број убави коментари од фановите и нивните пријатели, меѓу кои Калиопи, Ида Престер и Југослав Кариќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

За потсетување, Ѓоковиќ не успеа да освои медал на Олимписките игри во Токио. Наредна цел му е да триумфира на УС Опен, и да го освои Златниот слем со добиени четири Грен слем титули во една сезона. Претходно настапи на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон.

Scroll to Top