Дара Бубамара неодамна на кратко остана без својот инстаграм-профил затоа што администраторите на оваа социјална мрежа сметаа дека таа објавува експлицитни содржини, и тоа во облик на провокативни и разголени фотографии, што инаку не е дозволено.
Коментар на овој случај даде и Јелена Карлеуша.
„На мојата Радојка ѝ го исклучиле Инстаграмот? Зошто? Па мене во тој случај (поради разголените фотографии) ќе ми ги исклучат и Твитер и Фејсбук. Во целост. Кои разголени фотографии? Нема таа такви фотографии “, изјави Карлеуша.
Карлеуша на шега изјави дека ја следи Дара на Инстаграм и дека е редовна во тоа, а потоа додаде:
„Јас сум видела и многу поразголени јавни личности на кои ништо не им исклучиле. Правда за Радојка, се разбира“, заклучи Карлеуша.
Изјавата на Јелена Карлеуша можете да ја погледнете од 3:47 минути на снимката: