Српската пејачка откри дека е жртва на сексуално малтретирање и ги повика жените отворено да зборуваат на таа тема, да ги кажат своите трауматични искуства.
Проектот „#MeToo“, со кои жените се борат против сексуалните злоставувања, го освои целиот свет. Многу жртви кои дури сега собрале храброст отворено да зборуваат за своите трауматични искуства, а маѓу нив се наоѓаат и големи ѕвезди. Во оваа група се приклучиле и јавни личности од домашната јавност, вкључувајќи и Јелена Карлеуша.
Пејачката во интервју од неодамна изјави дека голем број жени во шоу бизнисот трпеле некаков вид на насилство, а меѓу нив е и она.
„Јас сум жена која ги помина тие стравови и која сакала – не сакала, морала да има машка енергија како на сцената, така и во животот, поради што мажите на тоа не се ни осудуваат, но постои и голем број жени кои ќутејќи го трпат тоа. Се додека се ќути околу тоа, ќе има и жртви. Една кога ќе проговори ќе се отвори Пандорината кутија и од неа ќе излезе буквално СЕ што се прикривало“, порача Карлеуша за крај.