Крајот на 2024 е близу, а Јелена Розга за хрватски медиум откри по што ќе ја запамети и кои се нејзините планови за претстојната празнична сезона.
„Ќе ја паметам по многу убави концерти и по љубов. Среќна сум и никогаш поисполнета. Беше навистина добра година за мене“, изјави Јелена.
„Одам кај мене дома, ќе седнам на брегот, ќе јадам и ќе пијам кафе. Се надевам дека времето ќе биде убаво и така ќе бидам со часови, а можеби и ќе фатам некоја боја“, изјави пејачката од Сплит.
Ја прашале и што има на списокот со желби за 2025 година. „Само здравје и толку, се друго ќе биде лесно. Вредна сум, сакам да пеам, ја сакам својата работа повеќе од се на светот, само нека ме служи здравјето“, заклучила таа.