Јелена Розга со концерти во Кавадарци и Штип

Хрватската поп пејачка Јелена Розга викендов ќе има настапи во Македонија. В петок ќе пее во клуб во Кавадарци, а в сабота ќе пее во клуб во Штип. Ова се двата концерта кои ѝ беа

закажани на почетокот на јануари, но таа ги откажа поради болест на член од нејзиниот бенд, како што кажаа на  нејзината официјална страница. Неодамна таа за хрватските медиуми кажа дека витката линија ја должи на генетиката, но и зборуваше и за проблемите со тироидната жлезда и тахикардија поради што веќе четири години е под терапија.

 

-Концертите ги одработувам без проблеми, благодарение на терапијата. Не се изложувам на стрес и сè уште можам да пеам и играм со мојата публиката“, рече Розга. Лани таа имаше настап во „Интермецо“ во Скопје.

 

Scroll to Top