Јелена Розга неодамна одржа седум концерти во белградскиот Сава центар. Пред нејзиниот последен концерт, таа заврши на инфузија и објасни дека резултатите од тироидната жлезда и тестовите се многу лоши.
После тоа, минатиот викенд настапи на доделувањето на наградите Цесарица, а сега проговори за нејзината здравствена состојба.
„Одморив малку, добро сум. Ме видовте на сцена, се забавувам, полна сум со енергија, секогаш си поминувам одлично со мојата публика. Толку многу ја сакам мојата работа и толку многу сакам да бидам на таа сцена. Добро е додека сум со нив. Сега се занимавам со моето здравје, ситуацијата не е најдобра, но се ќе биде во ред, работиме на тоа“, вели Јелена за хрватски „Стори“.
„Ништо не ме нервира. Единственото нешто што ме нервира е моето здравје, кое не е како што би сакала да биде и не ме слуша како порано. Но, навистина се трудам да живеам здрав живот, да спијам многу и да се одморам. Сепак, стресот понекогаш си го зема својот данок, но јас не се откажувам“, додала таа.