Српската пејачка Јелена Томашевиќ на 2. април ќе има концерт во Македонската опера и балет, со почеток од 20.00 часот. Таа заедно со оркестарот на МОБ ќе ги изведе своите композиции пред македонската публика. Картите се веќе пуштени во продажба и изнесуваат 1000-1200 денари.
Јелена го најави својот втор солистички концерт на својот Инстаграм профил.
„Скопје те сакам“, напиша таа во највата.
Таа претходно настапи во МОБ во 2018 година, во рамките на „Скопско културно лето“.
View this post on Instagram