Јелена Томашевиќ за „Репортер“ вели дека не можела да присуствува на фестивалот „Мел Фест“ затоа што веќе имала други закажани концерти, а не поради патните документи, кои како што пренесоа српските медиуми и ги украле за време на одморот во Занзибар.
„На „Мел Фест“ не можев да дојдам затоа што веќе имав закажани концерти. На Занзибар ми се случи непријатност, го изгубив телефонот. Фала богу никој ништо не ми украде. Некој згрешил со на информациите. Јас уште веднаш на организаторите им соопштив дека нема да можам да дојдам на фестивалот, па не требаше ниту да ме најавуваат“, изјави Томашевиќ за „Репортер“.
Медиумите во Србија претходно ја пренесоа изјавата на директорката на фестивалот, Елена Петреска, која рекла дека Јелена била најавена како гостин на „Мел Фест“, но за жал не можела да пристигне.
„Информирани сме дека Томашевиќ била во Занзибар, каде доживеа непријатност, која го спречила нејзиното пристигнување. И биле украдени документи, па поради тоа не беше во можност да патува во Прилеп додека не ги добие новите патни исправи“, кажала Петреска во изјавата која ја пренесоа српските медиуми.