„Каде одиш, Аида?“ е најдобар филм, а Јасна Ѓуричиќ најдобра актерка на Европските филмски награди

Српската актерка Јасна Ѓуричиќ ја доби наградата за најдобра европска актерка за 2021 година на 34. Европски филмски награди (ЕФА). Таа ја играше главната улога во филмот „Каде одиш, Аида?“ (Quo Vadis, Aida), кој е прогласен најдобар европски филм, Јасмила Жбаниќ ја доби наградата за најдобар режисер.

„Сега имам доказ дека сум европска актерка. Прво сакам да се заблагодарам на тимот на „Каде одиш, Аида?“. Вие сте најдобрата екипа, секогаш ќе останете во моето срце. Благодарам на моето семејство, децата и сопругот. Јасмила, ти благодарам што зачекори таму каде што никој друг не се осмели да оди. Ова е награда посветена на сите жртви и мајки“, изјави Ѓуричиќ по добивањето на наградата.

Таа додаде дека е среќна што добила можност конечно да каже што сè што чувствува за војните во поранешна Југославија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jasna Đuričić (@jasnadjuricic)

 

Српската актерка Јасна Ѓуричиќ е родена 1966 година во Рума. Дипломираше на Академијата за уметности во Нови Сад, а досега има добиено филмски награди, меѓу кои четири награди Стерија и Златен ловоров венец на МЕСС. Во 214 ја доби наградата „Добрицин прстен“, која важи за најголема награда во Србија која им се доделува на театарски актери за нивното животно дело.

Исто така, има остварено бројни значајни улоги во филмот и телевизијата. Во 2010 година на филмскиот фестивал во Локарно освои Сребрен леопард за најдобра женска улога за улогата во филмот „Бело, бело сè“, во режија на Олег Новковиќ. Подоцна, за истата улога ја освои и наградата за најдобра актерка на филмскиот фестивал Les Arcs.

Scroll to Top