Александра Пријовиќ вчера ја даде првата изјава откако српските медиуми објавија дека е бремена. „Вистина е, бремена сум. Ви благодарам за честитките“, кратко изјавила таа. Ова ќе биде второ дете за неа и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ, посинокот на Лепа Брена. Тие веќе го имаат синот Александар.
Александра често истакнува дека Филип и е најголемата поддршка во животот. „Нашата врска е фантастична. Ја имам поддршката на Филип уште од првиот ден и поради тоа сум најсреќната жена. Запознав прекрасен, искрен човек на кој навистина не можам да најдам ниту една мана. Отсекогаш сум велела и ќе повторам, дека неговиот придонес за мојот успех е огромен“, изјави неодамна Александра за српските медиуми.
Нивната љубовна приказна започна спонтано, по повеќегодишни средби на разни настани, често во куќата на Лепа Брена и Бобо Живојиновиќ, каде настапуваше Александра. Сепак, овие средби беа минливи додека официјално не се сретнаа. Нивниот прв бакнеж се случил во нејзиниот стан во Вождовац.
Двојката се венча на 21 јуни 2018 година во Белград на раскошна церемонија со многу познати гости од светот на музиката, спортот и јавниот живот. По црковната церемонија, прославата продолжи во луксузен хотел. Александра блесна во елегантна венчаница, додека Филип избра класичен црн костум. Свадбата ја чувале 60 телохранители, а на послужување биле на располагање 160 келнери. Свадбената торта имаше 10 спрата, а српски Курир напиша дека целата прослава ги чинела 400.000 евра.
Една година по свадбата, Александра го роди синот Александар. Пејачката во едно интервју изрази желба еден ден да има девојче.
Филип Живојиновиќ е син на Бобо Живојиновиќ и со години беше најпосакуваниот ерген во Србија. 38-годишникот се школувал во Велика Британија и САД и ја изградил својата кариера низ целиот свет. Но, во последните неколку години тој е посветен на кариерата на неговата сопруга Александра Пријовиќ и е еден од луѓето заслужни за нејзиниот успех.
Филип Живојиновиќ е автор на некои од најголемите хитови на Александра Пријовиќ. Сопственик е на „Помфрит медиа“ од Белград, која ги продуцира спотовите на Александра. Директно и индиректно е вклучен во организацијата на настапите на Александра и продукцијата на песни.
Александра не крие дека Филип многу и помогнал во кариерата и дека тоа го смета за нивен заеднички проект.