Карлеуша доби 1001 бела роза, подарок инспириран од песната за Роман Абрамович

Српската пејачка Јелена Карлеуша на подарок добила 1001 бела роза во вилата на Дедиње. Пејачката се пофалила со фотографија и напишала дека станува збор за 1001 роза.

„Што мислите, од кого ги добив овие најубави бели рози по повод издавањето на албумот? – И 1001“, напиша Карлеуша.

Овој вреден подарок и го испратила Софија Милошевиќ, нејзината добра пријателка, на која Јелена и се заблагодари во следна објава: „Овие најубави рози, сите 1001, ги добив од мојата Софија Милошевиќ. Ти благодарам убавице“, а манекенката ѝ одговорила: „Секогаш, мое маче“.

Карлеуша објави и видео на кое напиша: „Роман, ти доаѓам како руска мафија“, алудирајќи на песната која му ја посвети на Роман Абрамович.

Со оглед на тоа дека една роза чини околу 300 динари, или 150 денари Софија Милошевиќ потрошила дури 150.000 денари за 1.001 роза, јавуваат локалните медиуми.

 

Scroll to Top