„Мојот сопруг никако не ме поддржува во она што го правам. Од друга страна, верувам дека е горд што има храбра жена, која не се плаши јавно да застане зад своите уверувања“, изјави Карлеуша и додаде дека се обидува да ги промени ставовите на Душко.
„Тој е научен на ова. Свеста за ваквите работи си доаѓа природно. Не можеш преку ноќ да го промениш она со кое се занимаваш целиот живот, а тоа е нетолеранцијата и омразата кон оние кои се поинакви. Но, ете, јас сум тука за да ја променам таквата свест“, објасни Јелена.