Јелена Карлеуша доживела непријатност на аеродромот во Анталија. Популарната пејачка по работниот викенд замина со ќерките Атина и Ника во популарното турско летувалиште, но кога слетала, и ги немало куферите. Таа како и сите други патници чекала на ред да си ги земе куферите, а по еден час час сфатила дека ги нема. По кратко време куферите биле пронајдени, а менаџерот и се извинил за непријатноста.