Карлеуша го објави својот доручек и ги исплаши фановите

Српската пејачка Јелена Карлеуша објави фотографија на Инстаграм со која ги исплаши нејзините обожаватели.

Карлеуша која е позната по тоа што своите важни моменти ги споделува со своите обожаватели на социјалните мрежи, па ова утро, реши на сите да им покаже со што се храни.

Но, наместо раскошна трпеза, полна со овошје, кои се вообичаени за една трпеза за доручек, Јелена ги шокираше многумина од нејзините фанови. Таа објавила фотографија на која се наоѓа само чаша вода, бела чинја, а во неа само неколку таблети.

 

Нејзините фанови се уплашиле за нејзиното здравје, особено откако пејчаката воопшто не се огласи јавно да соопшти што не е во ред со нејзе и која е причината поради која е на лекови.

 

Scroll to Top