Српската пејачка Јелена Карлеуша објави фотографија со нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, додека се забавуваат во базен. Голем број од медиумите пренесоа дека двајата повторно се смирени, по скандалот што се случи со фудбалерот Огњен Врањеш.
Извори блиски до пејчаката открија дека двојката повторно е смирена, но дека тие не живеат заедно. Тие велат дека фотографијата што ја објавила Карлеуша е од порано и дека Душко во моментов не живее со неа.
„Душко во моментов се наоѓа во Кина, каде што ја продолжи својата професионална фудбалска кариера, додека Карлеуша е со ќерките во Белград“, открил извор близок до двојката.