Јелена Карлеуша јавно на својот фејсбук-профил објави одговор на коментарот на Додиќ упатен кон неа.
„Ајде направи ти митинг во Бања Лука, а јас ќе направам концерт. Па да видиме кој повеќе го поддржува овој народ“, напишала Карлеуша на својот профил на „Фејсбук“.
Вербалниот конфликт меѓу пејачката и претседателот на Република Српска почнала кога Карлеуша власта во Бања Лука ја нарекла криминогена.
На тоа Додиќ ѝ одговорил дека тој има повеќе хитови од неа, нагласувајќи дека пеел пред повеќе луѓе од неа.