Карлеуша му се закани со шлаканица на Кристијан Јованов

Членката на жирито од познатото музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Керлеуша не можеше да се воздржи, па  го коментираше изгледот  нашиот преставник Кристијан Јованов. Македонскиот натпреварувач , според мислењето на повеќето членови од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, се покажа добро во вечерашната емисија, но Јелена Карлеуша имаше една замерка.

„Има нешто во мажите кои носат очила за вид. Имам потреба на сите да им ги симнам тие очила и да им ’ѕвекнам шлаканица’“, прокоментира Јелена, а оваа нејзина изјава го изненади младиот Кристијан.

„Направи го тоа, те замолувам“, порача тој низ смеа, додека во студиото се покрена голема полемика околу контроверзниот испад на Карлеуша.

Кристијан пееше песни од Здравко Чолиќ и Тоше Проески, а ги доби сите седум гласови, потребни за да се најде во следниот круг.

Scroll to Top