Јелена Карлеуша направила кривично дело затоа што ја снимала Светлана Ражнатовиќ Цеца за време на рочиштето во суд. Карлеуша ја објавија аудиоснимката од рочиштето со Цеца, на која и двете си упатија навреди. Од Првиот основен суд во Белград рекоа дека со тоа пејачката направила кривично дело.
„Ве исвестуваме дека за да се фотографира, снима или да се прибави аудио материјал во зградата на судот мора претходно да се добие писмено одобрение од претседателот на судот. Фотографирањето, аудиото и видео снимањето на рочиштата со цел јавно да се прикажат единствено ги одобрува претседателот на судот. При одобрување на фотографирањето, снимањето аудио или видео материјалот се води сметка за интересот на јавноста, интересот во постапката, приватноста и безбедноста на учесниците во процесот. Во сите други случаи, странците и другите учесници во постапката не смеат и не им е дозволено да фотографираат, снимаат аудио и видеоматеријали“, велат од судот.
Додадоа и дека портпаролот на судот за одредени предмети дава изјави и испраќа соопштенија до медиумите и јавноста.