Карлеуша сака да се кандидира за претседател на Србија, „ако некој може да промени нешто тоа сум јас“

Откако го искористи своето право на глас, Јелена Карлеуша вчера рече дека во иднина планира да се занимава со политика и да се кандидира за претседател на Србија. Пејачката рече дека на земјата ѝ се потребни промени и дека таа е таа која може да ги направи.

„Можеби за 10, 20 години од сега и јас ќе влезам во политика. Ако некој во оваа земја еден ден би можел да менува нешто, тоа сум јас“, рече Карлеуша.

За потсетување, вчера се одржаа претседателските избори во Србија на кои победи актуелниот претседател Александар Вучиќ. Карлеуша се најде во центарот на внимание со нејзиниот стајлинг, а голем дел од медиумите пренесоа дека многу наликувала на прва дама.

 

Scroll to Top