Пејачката Јелена Карлеуша на социјалните мрежи објави за разводот на фудбалерот на ПСЖ Ашраф Хакими и шпанската глумица Хиба Абук. Карлешуа се јави откако дозна дека по разводот Хиба нема да добие ништо од неговото богатство, затоа што тој целиот свој имот веќе го препишал на мајка му.
Таа им даде совет на сите дами и напиша дека ако мајките на нивните партнери им се мешаат во парите и бракот, треба одма да ги остават.
За потсетување, Хакими пред да се разведе целиот имот го префрлил на името на мајка му, па сега многу е веројатно дека Хиба ќе остане без неговите пари. За ова пренесоа сите шпански медиуми меѓу кои и реномираното списание „Марка“.
Минатиот месец Хакими беше обвинет дека силувал 24-годишна девојка во неговиот дом во Париз, кога Хиба со децата заминале на патување во Дубаи.
Тоа било и причината за разводот, пренесоа медиумите. Францускиот магазин First Mag објави дека Хиба побарала половина од неговиот имот, но не знаела дека тој веќе целиот имот го префрлил на мајка му.
Двајцата се запознаа во 2018 година додека Хакими играше за Борусија Дортмунд. Абук е актерка со туниско и либиско потекло, која исто како и Хакими е родена во Мадрид. Пред да го запознае Хакими, изгради успешна филмска кариера и глумеше во разни ТВ серии во Шпанија.
Се венчаа во 2020 година и имаат две деца.