Српската ѕвезда Јелена Карлеуша тврди дека Ријана го ископирала нејзиниот настап од 2017 година за годинашниот Супербол. Според Јелена, Ријана се инспирирала од настапот кога таа со Аца Лукас ја пеела песната „Банкина“. Карлеуша вели дека ова е уште еден доказ дека српските ѕвезди се пред американските во идеите и стилот.
„Не е поентата овде копирањето, ова е доказ дека секогаш сме пред нив. Дека можеме, ако сакаме, не да парираме, туку да водиме. Ова не е првпат, туку сто и први пат големите, богати и моќни, всушност да доцнат. Тоа што сме од Србија не значи дека не можеме да ги диктираме правилата. Желбата ми е со албумот кој ќе излезе наскоро да се позиционирам во светот. Да докажам дека од една мала земја може да се тресе планетата кога е шоу-бизнисот во прашање“, напишаа таа на Инстаграм и објави две слики за споредба.
Пејачката вели и дека отсекогаш ѝ велеле дека згрешила што кариерата не ја градела во Америка и на англиски јазик.
„Губев години во земја која нема сила да произведе светска шоубиз ѕвезда поради јазикот, националноста и географската положба. Рекоа дека можам само да сонувам, да фантазирам, дека сум луда, ми се смееја… Никогаш не се откажав од намерата и нема“, додала Карлеуша.