Кавадарчани ја откачија Карлеуша, не сакаат да им пее на „Тиквешки гроздобер“

Српската пејачка Јелена Кaрлеуша нема да пее на годинашниот „Тиквешки гроздобер“ иако беше најавена како главна ѕвезда на манифестацијата во Кавадарци. Нејзиниот настап е откажан поради големиот број негативни реакции на социјалните мрежи, откри градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој на Фејсбук напиша дека како организатори решиле да го послушаат народот, но и дека сега бараат нова музичка ѕвезда што ќе пее на 11 септември наместо Јелена.

„Овие денови ја објавивме целосната програма за ‘Тиквешкиот гроздобер’ 2022 година. По пауза од две години, сакаме да продолжиме каде што застанавме. А бевме на добар пат кон најдобрите културно-музички фестивали во државата. По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11 септември како главна музичка атракција.. Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, па затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан, а во моментот се преговара со други  музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум“, напиша Јанчев.

„Тиквешки гроздобер“ годинава ќе се одржи од 9 до 11 септември во Кавадарци. Овој настан првпат се одржал 1964 година..

 

Scroll to Top