Ќе се мажи ќерката на Џеј Рамадановски, жал ми е што татко ми не го запозна човекот на мојот живот

Ќерката на покојниот пејач Џеј Рамадановски, Марија ќе се мажи на 20 мај со својот свршеник Стефан Давидовиќ. Двајцата се веќе некое време заедно, а Стефан ја запроси точно на полноќ во 2023 година.

Свечената свадбена церемонија ќе биде одржана во познат ресторан, а меѓу поканетите ќе бидат бројни колеги и пријатели, пренесуваат медиумите.

„Сè е подготвено за венчавката. Двете семејства се среќни затоа што Марија и Стефан се заколнаа на вечна љубов и почит. Многу се сакаат и преслатки се заедно. Тоа ќе биде едно голема, убава и бајковита венчавка. Нејзиниот свршеник доаѓа од добро, почитувано и угледно семејство“, рече извор близок до Марија која исто така потврди дека ќе се мажи.

„Што да ви кажам. Знаете дека не зборувам многу за својот приватен живот. Но, ете стигнаа убави вести. Ќе се мажам за човекот на мојот живот. Жал ми е што татко ми не го запозна Стефан. Многу сум среќна со него и мислам дека тоа е и повеќе од доволно. Не се плашам од брак, затоа што двајцата веќе живееме заедно. Подготовките за венчавката се речиси завршени. Во моментов сме преокупирани со обврски околу новата песна која треба да ја промовирам овие денови, а ќе ја пејам и на мојата свадба“, рече Марија.

За потсетување марија има завршено школа за нега и убавина, а работела и во театар. Рече дека сака да се проба и во музиката, нешто за што имала поддршка од татко ѝ.

 

Scroll to Top