Во Србија ќе се снима филм за српскиот пејач Џеј Рамадановски. Според српските медиуми продукцијата се вика „Недеља“, додека сценарието е на Стефан Бошковиќ, а режијата на Немања Ќерантиќ.
„Недеља“ е инаку еден од најголемите хитови на Џеј, а со таа песна беше погребан во Алејата на заслужните граѓани во Белград на 6 декември 2022 година.
Како што се наведува, филмот ќе го прикаже детството и растењето на пејачот во дом за деца, како и неговите музички почетоци, успеси и подоцнежниот живот. Џеј од детството ќе го игра непознато момче кое е од ромската заедница кое ќе биде избрано на кастинг, додека за улогата на возрасен Џеј се уште не е одлучено но како имиња се споменуваат актерите Амар Ќоровиќ и Денис Муриќ.
Џеј зад себе ја остави поранешната сопруга Нада, со која ги добија ќерките Марија и Ана, како и партнерката која живееше со него и беше покрај него до последниот ден, Андријана.
Неговата ќерка Марија тргна по стапките на својот татко и се занимава со музика, ја објави својата прва песна „Од каде што ти крај мене“, која му ја посвети на својот татко. Втората ќерка Ана е мажена за пејачот Адил Максутовиќ и со него има деца.