Кеба не сака да ја запознае вонбрачната ќерка

Српскиот пејач Драган Којиќ – Кеба во медиумите постојано зборува за своите деца Игор и Наташа, но никогаш не ја спомнува вонбрачната ќерка Ина Јевремовиќ.

Ина на 18 февруари ќе наполни 20 години и таа досега не го запознала својот татко. Оваа девојка не контактира со никого од семејството од страната на Кеба зашто ни тие не сакаат да ја запознаат неа.

Ина Јевремовиќ

Пред 21 година Кеба имал афера со Лилјана Јевремовиќ, познат текстописец од Србија. Таа останала бремена, ама Кеба не сакал да го признае детето. Пред неколку години Лилјана по судски пат докажала дека тој е навистина татко на Ина. Кеба се согласил да плаќа алиментација, но неколку години одбивал да го направи тоа. Потоа Лилјана повторно го тужела барајќи поголема алиментација за издржување на ќерка си.

Лидија Јевремовиќ

Кеба никогаш во медиумите не зборува за девојката, а ако новинарите го прашаат за неа, одбива да одговори, дури и си заминува од интервјуата.

Пред скандалот со Кеба, Лилјана пишувала песни за Ана Бекута, Зорица Брунцлик, Драгана Мирковиќ и други фолк-пејачи, но оттогаш речиси сите одбиваат да соработуваат со неа. Таа денес работи како козметичарка.

 

Scroll to Top