Ќерката на Гоца Тржан и Иван Маринковиќ,Лена, наводно се откажала од презимето на својот татко. Српските медиуми пишуваат дека тој тешко го поднел тоа, па дури и дал изјава за медиумите.
„Со оглед на тоа дека го знам своето дете, не сакам да верувам во тоа. Многу ме потресе од моментот кога слушнав, само за тоа размислував, не сакам да верувам, бидејќи не гледам причина за то. Но, познавајќи ја својата поранешна сопруга, има веројатност дека таа влијаела на мислењето на Лена“, вели поранешниот сопруг на Тржан.