Ќерката на Кеба побарала азил во Америка како припадник на ЛГБТ-заедницата

Поранешната пејачка Наташа Којиќ, ќерка на Драган Којиќ Ќеба, побарала азил во Америка како припадник на ЛГБТ заедницата. Во САД живее веќе 13 години и досега не успеала да ги добие потребните документи за траен престој.  Го послушала адвокатот и се решила за нова тактика, пишуваат српските медиуми.

„Во 2019 година, поминаа 10 години како е во Америка. Иако очекуваше да ги добие потребните документи, тоа не се случи. Знаеше дека ако ја напушти земјата потоа ќе и забранат влез, па со адвокатот се решија за поинаква тактика. Го послуша и побара азил како лезбејка. Во образложението е наведено дека како припадник на ЛГБТ популацијата во родната земја може да и биде загрозена безбедноста, па затоа побарала официјален престој во Америка. Голема е шансата да ги добие документите. Таму работи и не сака да се откаже од нејзината цел. Создава музика, а имаше и некои филмски улоги. Сега е дел од екипата на новото филмско остварување „Меган“, кој се прикажува низ кината ширум светот, како и на „Нетфликс“. На овој проект работи под името Таша Кеј“, рече извор близок до неа.

 

 

Scroll to Top