Данијела Дворник, сопругата на починатиот хрватски пејач Дино Дворник, доби интересен коментар на фотографијата што ја објави.
„Ми треба маж кој издржува еден час во кревет“ напиша една од следбеничките на Дворник.
„Кога ќе го најдете, пратете ми го“, се пошегува Данијела, а нејзиниот коментар поттикна и коментари од други жени, кои се согласија со неа.
Коментарот на Данијела освен што ги потикна жените, очигледно поттикна и многу мажи, кои спремни да ја покажат својата кондиција и машкост, испратиле понуда во инбоксот на Дворник.
За нив Данијела сподели уште една фотографија со натпис „Полн ми е инбоксот со маратонци, добро е да се знае“.
Таа на фановите им призна дека ѝ здодеало седењето дома и дека почнува со тренинзи, и додаде:
„Ова е загревање, зашто од утре стартувам со тренинзите кои ми недостасуваат бидејќи веќе долго не сум во некој мој ритам. Бидејќи целата мината година ни беше ненормална, а ни оваа не почна многу подобро, малку се опуштив. И таа вистина ме прогонува и ноќ и ден. За 2022 година имам план да се качам на Килиманџаро, па би било добро да почнам со подготовките“, напиша Данијела.
View this post on Instagram