Српската старлета Сораја Вучелиќ, беше фотографирана додека темелно го миеше својот луксузен автомобил.
Облечена во свилен шорц и блуза со длабоко деколте, Сораја излезе од него обуена со високи потпетици и влезе во боксот за миење автомобили како да оди на модна писта.
Миг подоцна, таа се зафати за сериозна работа. Со став на искусна мијачка на автомобили, риалити ѕвездата го зграпчи сифонот за перење, и за миг нејзиниот миленик на 4 тркала го доведе до репрезентативен изглед. А, кога на Сораја ќе и загусти, веднаш се наоѓа машка рака да и помогне.
Таа посвети посебно внимание на гумите, свесна дека добрите, но и чисти гуми, ја чуваат главата кога си на пат.
Потоа на ред дојде и полирањето… И судејќи според посветеноста, полирањето на ветробранското стакло, хаубата и фаровите за Сораја беше омилениот дел од работата. Како и несомнено, за сите оние кои тој ден беа на истото место со идната водителка на реалното шоу „Задруга“.
Топлината на августовски ден полека стануваше неподнослива, па додека старлетата се подигаше на прсти за беспрекорно да го исполира својот љубимец, несвесна колку љубопитни погледи ја следат: од совршено долгите нозе до затегнатото газе!
Кога ја заврши својата работа, Сораја седна во својот изгланцан љубимец за да се освежи со ладна лимонада, која опуштено ја пиеше.