Српската претставничка на Евросонг, Ана Ѓуриќ Констрака е единствената претставничка која на втората полуфинална вечер од Евровиизја ќе пее на својот мајчин јазик.
Таа во нејизната песна нема ниту еден дел од текстот на англиски јазик. Ова го привлече вниманието на новинарите во Торино, па ја прашаа Констракта дали нејзината песна ќе биде разбрана затоа што пее на српски јазик.
„Па, се испостави дека да! Рековте дека е лесна и се памти“, рекла Констракта и објаснила дека не сакала да ја преведува песната, бидејќи на тој начин „би изгубила многу од неа“.
Ана Ѓуриќ раскажала раскажала дека песната ја напишала додека го шетала кучето.
„Снимам на телефон некои работи коишто во моментот ми паѓаат напамет, а на некои се сеќавам подоцна“ – изјавила Констракта.