Српскиот пејач Жељко Самарџиќ вечерва во 21 часот ќе одржи концерт во Охрид, во Античкиот театар. Самарџиќ доаѓа придружуван од својот бенд , пред македонската публика ќе ги отпее хитовите што ја одбележаа неговата кариера. Фановите ќе уживаат со евергрините „Грлица“, „Покажи ми шта знаш“, „Безобразно зелене“, „Љубавник“, „Девет хилјада“ и други.
Како предгрупа ќе настапт „Инструментал бенд“. Влезниците по цена од 400, 500 и 600 денари.