Српскиот пејач Жељко Самарџиќ ќе има концерт на 27. авуст во Лешок. Публиката ќе има можност да ужива во безвремените хитови „Грлица“, „Ако одеш“, „9000 хиљада“, „Да ме ниjе“, „Љубавник“, „Живи били па видели“.
Билетите ќе бидат пуштени во претпродажба од 10 август по промотивна цена од 500 денари.
Организаторите потенцираат дека настанот ке биде со ограничен број на влезниции и дека ќе бидат испочитувани сите мерки против ковид 19.
Пред влезот на секој ќе му биде извршена дезинфекција и измерена телесна температура
Самарџиќ минатата недела настапи на музичкиот фестивал „Мандра фест“ во Дојран, а потоа и во Охрид.
„Презадоволен сум од градот, особено од луѓето кои се домаќини тука. На секој чекор има само пофалби. Со себе ја земав и мојата сопруга која навистина е воодушевена. Сакав да ѝ кажам и покажам колкава е мојата љубов за Македонија и обратно. Секогаш со задововолство ќе доаѓам тука”, изјави пејачот по настапот во Дојран.