Копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија: Започна снимањето на филмот “Соучесници”

На локации во Ужице започна снимањето на филмот„Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ.

Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран
Цвијановиќ.
Една од улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска.

Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата ипостпродукцијата на филмот.

Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија. Главен продуцент е српската продуцентска куќа Зилион филм на Лазар Ристовски, акопродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа Интерфилм од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку Партизанс. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Scroll to Top