Кристина Беквалац одлучила да проговори за зетот Лука Лазукиќ, кој нејзината сестра Наташа го обвини дека ја претепал. Во исповедта, дизајнерката вели дека ја предупредила нејзината сестра дека ќе заврши како Ксенија Пајчин, која поради љубомора ја уби нејзиното момче Филип Каписод!
„По неколку психички насилиа, физичко малтретирање, за жал, ваквиот епилог беше логичен. Два дена пред да Лука ја претепа, ѝ реков – Наташа ќе завршиш како Ксенија Пајчин! А слично и говореа и многу други луѓе од опкружувањето. Видовме дека човекот е луд! Сите се плашевме за неа. За сите нас таа врска беше голем стрес. На крајот, среќна сум што ова заврши без тешки последици. Наташа е жива, фала богу, ќе биде добро и Лука нема да може да ѝ се доближи.