Кристина добила вознемирувачки повик од поранешна девојка на Лазукиќ

Наташа Беквалац уште додека се забавувала со Лука Лазукиќ била предупредена да го остави затоа што тој е насилник кој малтретира жени. Таа толку била вљубена што  ги отфрлила предупредувањата и се омажила за него. Сега, откако подигнала кривичнна пријава против Лазукиќ за семејно насилство, длабоко се кае што не ги послушала.

Една од тие кои се обиделе да ѝ ги отворат очите на пејачката била и девојката со која нејзиниот сопруг бил во врска.

Жената, која сакала да остане анонимна поради своја безбедност, откако дознала од медиумите дека Беквалац е во врска со Лука, на сите начини се обидувала да дојде до пејачката и да ѝ раскаже за лошото искуство што го имала со него. Таа успеала да дојде до бројот на помладата сестра на Наташа, Кристина, па ја побарала со желба да ја предупреди Наташа на тоа што може да ѝ се случи.

„Поранешната девојка на Лука до најситен детаљ ѝ објаснила на Кристина низ какво понижување поминала за време на периодот од пола година поминат со него. Ја предупредила дека Лазукиќ е склон на психичко малтретирање и манипулации, а често се случувало во друштво да ја навредува. Кристина особено ја загрижило фактот што Лука го губел компасот кога ќе испие повеќе од вообичаено. Тогаш станува уште погруб, а таа раскинала со него затоа што се плашела дека може да настрада. Побарала да ѝ пренесе на Наташа да се тргне од него за да се спаси“, вели извор близок до семејството на Наташа.

„Целиот овој настан ја уплашил Кристина, која веднаш зборувала со Наташа. Но, Беквалац била заслепена од љубовта кон него, а верувала дека и тој неа ја сака. Сега се кае што не ја послушала“, вели изворот.

 

 

 

Scroll to Top