Пејачката Марија Шерифовиќ ги изненади своите фанови кога минатиот петок објави дека станала мајка на момчето Мариo кое го родила сурогат мајка во болница во Лос Анџелес.
Сега се огласи нејзината кума Милена Ѓерговиќ.
„Поубаво нешто во животот не сум видела. Марија ме повика на видео повик и кога го видов не можев да поверувам колку е убав. Видов дека Марија има големи темни кругови околу очите, се надевам дека кога ќе дојдат до Србија, ќе пуштат еден од нас да го чува. Иако ќе има трка меѓу нас и Верица, кој ќе се грижи за него“, изјавила кумата за Блиц и открила дека Марија сакала син.
Марија Шерифовиќ ужива откако го оствари својот животен сон, а првите денови од мајчинството ги минува во Лос Анџелес.
„Марија ми рече: „Замисли да имам девојче, што ќе правам…“ и доби момче затоа што го сака“, додала таа.
Инаку, пејачката моментално се наоѓа во Лос Анџелес каде нејзината мајка Верица и помага да се грижи за бебето, а неодамна се пофали и како го прошетала својот мал син.
Пејачката во неколку наврати објасни како се обидувала да стане мајка, но не можела да ја поднесе бременоста, поради што на крајот се одлучила за сурогат мајка со која ги поминала сите предизвици на бременоста.